Спотот за песната Boo’d Up ќе се менува и ќе добива се повеќе елементи со поглемиот број прегледи и споделувања
Греми наградите секоја година ги собираат љубителите на музиката и уметниците за да ја прослават најголемата ноќ на музиката.
Оваа година, Академијата ги промовира наградите со првото “еволуирачко” музичко видео во светот. Имено, колку повеќе прегледи и споделување би имало ова видео, толку повеќе ќе се менува, а секоја верзија ќе се разликува од претходната.
Песната избрана за овој проект е Boo’d Up, во изведба на Ела Маи, која веќе два пати беше номинирана за Греми наградите.
Спотот започна како црно-бело видео, во а-капела изведба, потпирајќи се на моќниот соул вокал на Ела Маи.
Во времето на пишување на овај текст, видео е во својата четврто издание, кое веќе има боја, музика и некои танчери.
Колку повеќе фанови ќе го погледнат спотот, тој ќе стане подетален и повпечатлив, а како што велат креаторите, крајниот резултат ќе биде динамичен спот, сосема различен од неговото прво, ненаметливо издание.
Спотот е создаден во партнерство со агенцијата TBWA\Chiat\Day Лос Анџелес.