Новата кампања на “Армијата за спас“ открива нова страна на празниците која често не ја гледаме.
Организацијата во партнерство со GREY Canada лансираа нова празнична кампања со цел прибирање на донации и зголемување на свесноста за појавата на скриена сиромаштија пред почетокот на сезоната на празниците. “Сиромаштијата не секогаш е лесно да се види, особено за време на празниците’’ е иницијатива која има за цел да укаже на постоењето на сиромаштијата не само на улиците туку и во домовите на многу Канаѓани. Кампањата нагласува дека и во текот на овој идиличен период од годината, едно од 10 семејства во Канада сеуште живее во сиромаштија.
Во фокусот на самата кампања застапена на повеќе канали применета е 360 степени опцијата за слики на Facebook каде во основа се прикаќани среќни семејства кои позираат за новогодишната семејна фотографија. Фотографијата делува идилично се додека корисниците не ја разгледаат фотографијата од сите аспекти на опцијата за 360- степени преглед кој ја прикажува реалната слика за сиромашните семејства. Телевизиската кампања и онаа во печатот исто така ги прикажуваат двете лица на празничната слика на совршеното семејство и демонстрираат на каков начин сиромаштијата моќе да се прикрие зад радоста околу Новогдишните и Божиќните празници. Кампањата на овие медиуми е одличен потсетник кој во оваа доба на креирање на одредена слика на социјалните медиуми каде секој од нас има можност истата да ја модерира по своја желба, не секогаш е лесно да се забележи кој има потреба од помош.
“Со оваа кампања целевме кон промена на перцепцијата и мислењето на Канадската јавност по ова прашање кое е од голема важност во целост да се разбере затоа што во оваа сезона барањата на празниците се големи а постојат граѓани кои едвај го преживуваат месецот со своите средства.
Сакавме да ги потсетиме преостанатите граѓани дека многумина живеејќи во сиромаштија во денешно време во овој период од годината се обидуваат да ја затскријат новната состојба’’- изјави Darlene Remlinger, претседател на GREY Торонто. “Во земја со напредок и економска моќ, како Канада потребно е да се даде значење на овој голем проблем’’.