Прогласени за овогодинешните победници на EACA Euro Effies.
Grey Group EMEA ја освои наградата за Агенција на годината, а Гранд При за исклучителната работа добија DDB Berlin и Deutsche Telekom за кампањата “Travel & Surf”
Вкупно 20 победници од 5 земји ширум Европа се избрани од страна на меѓународното жири со кое претседаваше Josep Hernandez, Senior Director of Communications Planning во Mondelez International.
Апсолутни победници се агенциите од Велика Британија кои освоија вкупно 9 награди, а по нив не заостануваат многу ниту тие од Германија кои освоија 7 награди. Останатите награди ги поделија агенции од Данска, Шпанија и Франција.
David Patton, претседател и извршен директор на Grey Group EMEA примајќи ја наградата изјави: “Многу сме горди што сме прогласени како Агенција на годината од Euro Effie. Нашата агенција е целосно посветена во “производството“ на веќе славни, ефикасни проекти, а ова е само уште еден доказ за таа посветеност“
Списокот на наградените проекти може да се погледа на следниов линк:
http://www.euro-effie.com/transfert/Euro_Effies/2015/winners_list.pdf