Британската адвертајзинг групација „WPP“ се подготвува да го ребрендира и унифицира својот медиски огранок „Group M“ во „WPP Media“ уште пред почетокот на летото, шпекулираат светските адвертајзинг медиуми.
„Group M“ важи за една од најголемите групации на медиски агенции во светот, е нејзини најголеми членки во моментов се агенциските мрежи „EssenceMediacom“, „Mindshare“ и „Wavemaker“. Вкупно, „GroupM“ вработува околу 40,000 луѓе на глобално ниво.
Транформацијата на „GroupM“ ја предводи Брајан Лесер, кој во септември минатата година беше назначен на функцијата глобален извршен директор. Во јануари, при презентацијата на годишниот извештај за работењето на „WPP“, тој ја нагласи својата визија за поедноставување на оперативната структура на „GroupM“.
„Знаеме дека мора да бидеме поедноставни и дека ни преостанува уште многу работа. Дополнително ја поедноставуваме нашата структура за да станеме обединета компанија со еден глас кон клиентите и партнерите“ – посочи тогаш Лесер.
Ваквата најава доаѓа во време кога „WPP“ се соочува со забавување на растот и засилена конкуренцијата на глобалниот огласувачки пазар.