Глобалната мрежа на медиски агенции GroupM во јуни го објави својот ревидиран извештај со проценки за глобалните медиски инвестиции во 2024 година. Извештајот анализира како надворешните фактори, вклучувајќи ги технологијата, културата, владеењето и економијата, ќе влијаат врз огласувањето во претстојните месеци и години.
Од GroupM проценуваат дека глобалните приходи од огласување ќе пораснат за 7,8% во 2024 година, достигнувајќи 989,8 милијарди долари, што е нагорна ревизија од 5,3% предвидени во претходниот извештај од декември 2023. Огласувачката индустрија се очекува да ја надмине бројката од 1 трилион долари во приходи во 2025 година, зголемувајќи се за 6,8% на 1,1 трилиони долари – една година порано од претходно предвиденото.
Клучните двигатели на надградената перспектива вклучуваат ревидирани прогнози за пазарот во Кина, кој сега се проценува на 199,4 милијарди долари во 2024 година (наспроти 148,2 милијарди долари од претходниот декемвриска извештај), првенствено во рамки на дигиталното и надворешното огласување. Проценките за САД се исто така ревидирани на 365,9 милијарди долари во 2024 година, што претставува зголемување од 5,8% во однос на 345,9 милијарди долари во 2023 година (без вклучено политичко огласување). Заедно, САД и Кина сочинуваат 57,1% од глобалниот приход од реклами, додавајќи 44,5 милијарди долари на нивните вкупни приходи во 2024 година (без американското политичко огласување) – скоро 1,5 пати повеќе од кумулативните 27,5 милијарди долари дополнителни приходи за сите други пазари заедно.
Дигиталното огласување ќе учествува со 70,6% (699,0 милијарди долари) во вкупниот приход од реклами во 2024 година, а медиумите за малопродажба (retail media) остануваат најбрзо растечки дигитален сегмент. Се прогнозира дека приходите од рекламите за поврзана телевизија (CTV) ќе достигнат 38,3 милијарди долари во 2024 година, што е зголемување од 20,1% на годишно ниво.
Други клучни трендови ја вклучуваат растечката улога на вештачката интелигенција и потенцијалот за машински генерирани содржини во огласувањето. До 2029 година, вештачката интелигенција може да придонесува кон 94,1% од вкупните приходи од реклами, три години порано од претходно предвиденото.
Огласувањето преку линерана телевизија, аудио содржини, печатени медиуми и кино се очекува да забележи забави раст или пад, додека надворешното огласување (OOH) силно се опоравува од пандемијата, потпомогнато од нагорните ревизии на проценките за кинескиот пазар.
Исто така се прогнозира дека политичкото огласување ќе надмине 16 милијарди долари на 24 светски пазари во 2024 година, со најголем удел на пазарот во САД. Приходите од политичко огласување во САД ќе сочинуваат 4,1% од вкупниот пазар во 2024 година.
Севкупно, новата прогноза на GroupM нуди пооптимистичка слика за глобалната адвертајзинг индустрија, поттикната од дигиталниот раст, закрепнувањето на клучните пазари како Кина и забрзаното прифаќање на малопродажните медиуми, олгасувањето на поврзана телевизија и примената на вештачката интелигенција.