Сопственикот на Групацијата Бауер Медиа Австралија, која неодамна е продадена на приватен инвестициски фонд, објави дека поради финанскиското влијание на корона кризата, ќе згасне издавањето на осум магазини, кои се едни од најпопуларните на овој континент.
Меѓу магазините што се затвораат се и австралиските изданија на Harper’s Bazaar, Elle и Men’s Health.
Германската група Бауер во мај го прекина издавањето на бројни списанија во Австралија и Нов Зеланд, поради намалувањето на приходите од рекламирање, како резултат на кризата со коронавирусот, а потоа ограноците во овие две земји беа продадени на фондот Меркур Капитал со седиште во Сиднеј.
Извршниот директор на Бауер за Австралија и Нов Зеланд, Брендан Хил, кој остана во групацијата и покрај промената на сопствениците, рече дека тие ја изгубиле надежта дека ќе можат да продолжат да ги објавуваат сите 43 магазини во рамките на групацијата оваа година, заради длабочината на економската криза.
„Никој не можеше да го предвиди значењето на влијанието на пандемијата врз овој сектор. „Враќањето на овие магазини и вработени зависи од закрепнувањето на пазарот на огласување и обновувањето на домашните и меѓународните патувања“, се вели во изјавата на Хил.
Тој рече дека ветувачките знаци на огласувачите во последните неколку недели не биле доволни за промена на среднорочниот изгледи за овие весници.
Од Бауер изјавија дека поради мерките за изолација воведени како резултат на вирусот корона, трошоците за рекламирање во Австралија паднале за 40 проценти во текот на март и април, а во јуни тие биле пониски за 33 проценти во однос на истиот месец во 2019 година.
Групацијаа Бауер продолжи да ги објавува овие магазини во Нов Зеланд, кои почнаа повторно да функционираат нормално по успешната борба против ковид-19.
Австралија успеа во еден момент да ја надмине ситуацијата со коронавирусот и во јуни започна да ги ублажува рестрикциите, но во последните неколку недели се соочи со нов бран на епидемијата, особено во Мелбурн и околината.