V + O во Македонија ќе обезбеди стратешки комуникациски и советодавни услуги за глобални и домашни компании, брендови и организации кои работат на локалниот пазар. Понудените услуги, меѓу другото, ќе вклучуваат стратешко планирање на корпоративните комуникации, односи со медиумите, ангажирање на засегнатите страни и кризна комуникација.
Канцеларијата ќе ја води Адела Ѓорѓиоска. Адела има богато искуство работејќи во ПР агенции во Лондон и Стразбур, како и во Министерството за надворешни работи на РМ, каде што работеше како консултант за комуникации.
„Отворањето на нашата канцеларија во Македонија доаѓа во еден уникатен момент, полн со предизвици и можности. Во Адела, најдовме доверлив и искусен партнер, кој ги споделува нашите цели во обезбедувањето одлични услуги и создавање додадена вредност за нашите клиенти и целокупната мрежа. Комбинацијата на локален талент со висок калибар, заедно со оперативниот опсег на нашата Групација во регионот, сигурно ќе биде убедлива понуда. Многу сме возбудени за она што ни претстои“, рече Јанис Олимпиос, коосновач и извршен директор на V + O групацијата.
V + O групацијата во моментов е присутна во седум земји кои опслужуваат повеќе од 190 клиенти и се обраќаат на вкупно 60 милиони потрошувачи.