На денот на 59-та американска претседателска инаугурација, весникот The Guardian ја продолжи пораката од својата кампања “Hope is power” („Надежта е моќ“), овој пат со принт реклама во чест на новата потпретседателка Камала Харис.
Имено, инаугурацијата на Харис претставува ново достигнување во историјата на САД кога се во прашање правата и успесите на жените, особено на оние чија боја на кожата не е бела.
Моќниот, но едноставен дизајн на рекламата се состои од жолта позадина во чија долна половина е прикажана динамична фотографија на Камала Харис, додека пак во горниот лев агол се испишани следните четири реда текст:
1920 Американската жена може да гласа.
1952 Азиско-Американската жена може да гласа.
1965 Црната Американска жена може да гласа.
2021 Црната, Азиско-Американска жена може да победи.