Луксузниот моден бренд Gucci оствари партнерство со брендот за спортска опрема Adidas, лансирајќи нова разиграна колекција која го комбинира спортскиот стил со високата мода.
Соработката доби и сопствен бренд идентитет изграден околу заедничко лого кое го комбинира името на Gucci со тролистниот мотив препознатлив за Adidas.
View this post on Instagram
Колекцијата вклучува ко-брендирани сакоа, панаталони, нараквици, шалови, капи и слично, кои го задржуваат препознатливиот стилот на Gucci, но надополнети со типични елементи од облеката на Adidas, како што се трите паралелни линии по должината на нозете или рацете.
Овие парчиња облека беа презентирани на модната писта минатиот петок, кога Gucci ја претстави својата сезонска колекција есен-зима 2022.
View this post on Instagram