Италијанскиот бренд на луксузна мода Gucci лансираше нова кампања насловена “Exquisite” („Исклучителна“), во која парчињата од нивната заедничка колекција со Adidas ги става во препознатливи сцени од филмовите на легендарниот режисер Стенли Кјубрик.
Меѓу филмовите кои служеле како инспирација за новата кампања се наоѓаат насловите “2001: A Space Odyssey”, “The Shining”, “Eyes Wide Shut”, “A Clockwork Orange” и “Barry London”.
Креативниот директор на компанијата, Алесандро Микеле, бил самопрогласен „кинематофил“ („љубител на филмовите“), па решил да му оддаде почит на еден од највлијателните филмски режисери на 20 век. А, се чини, дека оваа креативна насока навистина ѝ се допаѓа и на публиката.
Кампањата кулминира во едноминутно видео кое ја доловува суштината на уметноста на Кјубрик и суптилното чувство на претстојната опасност при гледањето на неговите филмови, истовремено преплетувајќи ги некои од неговите најнезаборавни сцени со исто толку ексцентричната мода на Gucci.
Секоја сцена на кампањата е толку прецизно рекреирана што се чини како да е создадена со вметнување на моделите во самите филмови. Меѓутоа, реалноста е дека секоја сцена била реплицирана со големо внимание посветено на деталите, главно благодарение на креативците Кристофер Симондс и Гидеон Понте.
Во реализацијата на кампањата, од Gucci исто така добиле помош од Универзитетот за уметности во Лондон, продукциското студио Warner Bros, како и Филмската архива на Стенли Кјубрик.