Gucci важи за еден од највредните и најценети луксузни модни брендови во светот, иако често знаат да извадат некои ретро дизајни кои можат да се чинат и „кич“.
Меѓутоа, немојте да мислите дека Gucci имаат изгубено контакт со реалноста. Напротив, тие се потполно свесни за својата естетика и не се воздржуваат понекогаш и да се пошегуваат на своја сметка.
Таков случај е и новата празнична кампања на италијанскиот бренд, во која своите актуелни модни парчиња и аксесоари ги става контекст на ретро канцелариска божиќна забава од 1994 година. Има сé што можете да замислите: компјутерски монитори со катодна цевка, огромни наочари и скоро заборавени фризури.
Ведриот спот насловен „Gucci Gift“ е создаден од страна на британскиот режисер Акинола Дејвис Џуниор и е пропратен со звуците на евергринот “Only You” на Yazoo од 1982 година.