Пандемијата на коронавирусот предизвика хаос низ целиот свет што вклучува и ограничување на патувањата, но благодарение на Google сега е можно виртуелно, од удобноста на домот да се посетуваат културни знаменитости, природни убавини и други локации кои се дел од светското наследство на УНЕСКО.
Корисниците можат да истражат локации како што се Француските канали, Колосеумот во Рим, Килиманџаро и вулканите во Јужна Кореја преку „Центарот за светско наследство на УНЕСКО“. Исто така, овозможена е виртуелна посета на Рио де Женеиро и Таџ Махал, па дури е можно и виртуелно да се плива со китови во Мексико.
Виртуелните тури се корисни со цел луѓето да останат поврзани со колективната историја во време кога патувањето генерално не е можно. Потегот на Гугл исто така може да биде вреден извор на нови информации за учење, а професорите можат да ги запознаат студентите со природното и културното наследство.
Турите вклучуваат информации за Националниот парк Јосемити во САД и пирамидите во Гиза, а можно е и виртуелно да се посетат разни изложби во светските музеи, да се информираат за електронска музика и да се ужива во AR галериите.