Гугл знае скоро сé за вас, а тоа ги вклучува и работите кои можеби ви се потребни. Со цел да ви заштеди едно пребарување, дигиталниот гигант пред некое време лансираше микро веб-страница која ги прикажува 1000-те најдобро рангирани производи кои можат да се најдат на интернетот во даден момент.
Според Гугл, сајтот насловен “Best Things for Everything” („Најдобрите работи за сé“) е лансиран со цел на корисниците да им понуди поголема доверливост при нивниот онлајн шопинг. Корисниците може да ја прегледуваат целосната листа, но и да ги подредуваат производите по категории: „дом и канцеларија“, „игри“, „здравје и убавина“, „спорт и фитнес“, „електроника“ и слично.
Деталите за тоа како Гугл ги идентификува овие најпопуларни 1000 производи се малку нејасни, споменувајќи дека „широко набљудува како овие производи се дискутирани онлајн“.
„Производите се додадени врз база на неколку фактори, вклучително, но не ограничувајќи се на она што е популарно и што се пребарува на Гугл“, додаваат од компанијата.
Листата на 1000 најпопуларни производи е ажурирана на секој 24 часа, поради тоа што производите и нивните цени може да варираат на дневна основа.
Веб-сатот “Best Things for Everything” е достапен на следниот линк.