Утре започнува Светското првенство во рагби, а по тој повод ирскиот пивски бренд Guinness отпочна нова кампања за да ја покаже својата поддршка на Ирската рагби репрезентација на еден необичен начин.
Новата интегрирана кампања е инспирирана од универзалната вистина за секој навивач: чувството дека вашите постапки директно влијаат врз перформансите на вашиот тим. Тоа е особено точно за навивачите на Ирска оваа година, кои се обидуваат да ја балансираат возбудата и очекувањата што произлегуваат од фактот дека се прворангирана екипа во светот и прв фаворит за освојување на турнирот.
Guinness ја идентификуваше загриженоста на ирските навивачи дека преголемата самодоверба може да им се „удри од глава“. Па така, кампањата си поигрува со природната претпазливост и самопонижување на ирските навивачи, потсетувајќи дека ако си дозволат да кажат што би можеле да освојат оваа година, на крај може да ги чини резултатот на нивниот тим. „Што и да правите, не кажувајте дека Ирска ќе победи. Или подобро кажано – не зарекувајте!“ – изразуваат молба од Guinness.
Централниот спот на кампањата е снимен во спортско-документарен стил, при што навивачите на Ирска се интервјуирани за нивните надежи за претстојното првенство и нивните размислувања за претходните разочарувања. Додека се слуша песната „When You Say Nothing“ на Ронан Китинг, дејството на рекламата започнува во паб каде еден пар се расправа околу тоа дали велејќи дека „Ирска ќе победи“ ќе ја чини репрезентацијата шампионската титула. Во друга ситуација, колеги во локално кафуле се убедуваат себеси дека неколку натревари ќе понудат повеќе од доволно возбуда.
Рекламата ќе се прикажува на телевизија и на социјалните мрежи, а како дел од кампањата ќе бидат поставени и билборди во близина на пабовите ширум Ирска, потсетувајќи ги навивачите да не ја „заречат“ победата.
Кампањата е создадена во соработка со креативната AMV BBDO и продукциската куќа Biscuit.