Home » Во фокусот » Guinness користи виртуелна реалност за да ги поттикне сетилата за вкус на потрошувачите

Guinness користи виртуелна реалност за да ги поттикне сетилата за вкус на потрошувачите

Guinness започна кампања “на терен“ со која ги поканува потрошувачите во супермаркетите во Велика Британија да ја започнат својата “тура на сензации“ со цел да го зајакне вниманието на нивните пијалаци.

Во соработка со агенцијата R/GA London со користење на VR сет, Guinness ќе им понуди на потрошувачите на Tesco на територијата на Велика Британија можност да ги почувствуваат боите, формите и звуците кои, како што велат тие, прават три од нивните брендови – да бидат убедливо највкусни.

Учесниците кои ќе го прифатат предизвикот се водени во нова 360 степенска околика од страна на гласот на главниот инженер и  технолог на  Guinness- Peter Simpson кој ги води низ искуството посочувајќи точно кога и како треба да го испијат и почувствуваат пивото.

Иако искуството звучи апстрактно Alex Wills, извршен директор на Content Studio, R/GA London, во изјава објасни ” Возбудени сме што имаме можност да користиме виртуелна реалност не само како мимика но и за она за што технологијата всушеност е и произведена – да ги одложи чувствата и да ве транспортира во едно сосема ново место – нова реалост.”

Со помош на професорот Charles Spence, научник за храна и вкус на Оксфорд универзитетот, обезбедени се звуците и глетките кои ќе го имаат најдобриот ефект на вкусот на секој производ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365