Пабовите повторно се отвораат во Британија, а еден од најпознатите пивски брендови Guinness реши да го прослави овој важен настан со нова кампања насловена “Looks Like Guinness” („Изгледа како Гинис“).
Кампањата се фокусира на секојдневни кобинации на објекти кои асоцираат на изгледот на чаша Гинис – темно пиво со бела пена. Па така, во централниот спот на кампањата гледаме црна корпа за отпадоци покриена со снег, бела мачка качена на црно буре, бели весници наредени врз темни весници, бело-црни чорапи, бели птици врз темен оџак итн.
Рекламата буди чувство на носталгија кога по пабовите можеше да се ужива со пријателите во чаша Гинис, но истовремено дава надеж дека „Добрите работи им доаѓаат на оние кои умеат да чекаат“, или по наше – „трпение – спасение“. Спотот е проследен со песната “Always on My Mind”.
Покрај видео рекламата која ќе биде емитувана на телевизија, кампањата истовремено вклучува и онлајн, амбиентални и принт реклами. Брендот исто така ги покани фановите да ги постираат на социјалние медиуми своите комбинации кои наликуваат на чаша Гинис, употребувајќи го хаштагот #LooksLikeGuinness.
Кампањата е создадена со помош на агенција AMV BBDO и продукциската куќа Outsider, додека пак медискиот закуп е задача на агенција PHD.
Претходно, Гинис одвои 30 милиони фунти за поддршка на британските пабови и 1 милион фунти за поддршка на шанкерите кои беа погодени од пандемијата.