Агенциската мрежа Omnicom Media Group (OMG) го назначи Гај Маркс од агенцијата OMD на позицијата генерален извршен директор за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка. Тој ќе одговара пред глобалниот генерален извршен директор на OMG, Флоријан Адамски.
Маркс доаѓа на местото на Мајк Купер, кој пак оди на позицијата потпретседател на Omnicom Group за Европа.
Гај Маркс ќе има надлежност врз регионалната стратегија, операции и развој на „трансформативни“ производи и услуги за агенциите од кои е составена мрежата: OMD, PHD, Hearts & Science и Annalect.
Маркс се приклучил на Omnicom Media Group по купувањето на Mobile5 Media од страна на Omnicom во 2014 година. Во 2018 година бил назначен за генерален извршен директор на OMD за Европа, Блискиот Исток и Африка, предводејќи ја агенцијата до нови клиенти и професионални признанија.
Наследникот на Макс на позицијата во OMD се очекува да биде именуван во следните неколку недели.