Групацијата “Heineken N.V.” купи мнозински пакет акции во “Пивоварна Лашко“, словенeчкиот водечки производител на пиво кој под своја капа ги има брендовите “Лашко“ и “Union“
Компанијата „Хајнекен” – Хрватска како резултат на оваа аквизиција го презема оперативното работење на „Лашко груп” во Хрватска.
Со ова, компанијата „Хајнекен” – Хрватска го зајакнува своето пивско семејство, на кое ѝ се приклучуваат познатите брендови Laško и Union, вклучувајќи ги и радлерот Union и пивото Specijal, стои во соопштението на компанијата.
„Лашко груп” вработува триесетина луѓе, кои по завршувањето на процесот на преземање, стануваат дел од тимот на „Хајнекен” – Хрватска, а сите досегашни права и обврски на компанијата, ги презема „Хајнекен” – Хрватска.