Хајнекен се обидува да ја зголеми популарноста на европскиот фудбал во САД преку ново партнерство со Google, апликација која ќе ги води фановите или корисниците до најблиските барови каде се прикажува фудбалски натпревар во живо ( live stream).
Со користење на веб апликацијата „Фудбалот е тука“ навивачите ќе дознаат во кој бар во Њујорк се емитува Лига на шампиони, Премиер лига итн.
Програмата им овозможува на корисниците да пребаруваат по лига, натпревар или место. Првично достапна е само во Њујорк, но Хајнекен САД вели дека се предвидува проширување и во другите градови, ако апликацијата се покаже успешна.
Хајнекен користи Google мапа (API) за да креира рамка со локални водичи, места и пребарувачки функции. Пивскиот гигант регистрира повеќе од 200 барови во Њујорк кои ќе се емитуваат во овој интерфејс при пребарување на веб страната.
Иницијативата исто така ќе биде поддржана и од страна на значителен број дигитални медиуми кои користат приказ на гео-насочени пребарувања и видео реклами.
Бренд менаџерот на Хајнекен, Роб Рајдер, кажа дека концептот за креирање на овој сајт произлегува од неговото лично искуство, кога се обидел да пронајде бар каде ќе може да ги гледа Тотенхем игрите.
Тој додаде дека сајтот, исто така, има за цел да помогне фановите на фудбалот навистина да уживаат во спортот во друштво на своите пријатели и на традиционален начин во бар.
Овој чекор за креирање на кампањата – „Фудбалот е тука“ е во партнерство со Публицис, Њујорк и го означува нивното MLS спонзорство кое започна во Јануари 2015 година.