За да го одбележи Меѓународниот ден на пивото (2 август), Heineken им оддаде почит на сите заборавени пива во светот – оние кои биле заборавени додека сте разговарале со пријателите, оние кои биле оставени покрај масата за билјард додека играта станувала поинтензивна и оние што останале прокриени со конфети среде забава.
Најдоброто нешто околу пиењето пиво, според Heineken, не е самото пиво, туку убавите социјални моменти кои неретко се придружени со пиво. На крајот на краиштата, самиот Фреди Хајнекен еднаш рекол: „Јас не продавам пиво, продавам чувство на добри времиња“.
Видеоспотот претставува колаж од снимки на недопиени шишиња пиво, заборавени во метежот на забавата и убаво поминато време, проследени со звуците на емотивната „Месечева светлина“ од францускиот композитор Клод Дебиси.
Реклмата е создадена во соработка со креативната агенција LePub.