Секој ден е ден на младите! Тие не се само надеж за иднината, туку активни двигатели на промените денес и креатори на позитивни општествени промени. Денеска, 12 август, е официјалниот Светски ден на младите, чија тема годинава е „Локални младински акции за Целите за одржлив развој“, која во фокус ја става моќта на младите да го претворат глобалното во локално и да преземат конкретни акции во местата каде што живеат.
Во Македонија, младите се иницијатори и носители на голем број активности за општествена одговорност. Тие не чекаат да им се даде можност, туку ја создаваат. Од организирање еко-акции за чистење реки и паркови, преку креирање мобилни апликации што решаваат локални проблеми, до започнување стартапи со социјална мисија и волонтерски програми за образование и култура, младите секојдневно покажуваат дека промената започнува од една идеја и храброста таа да се реализира.
Секоја од овие локални иницијативи придонесува за исполнување на глобалните Цели за одржлив развој на Обединетите нации, кои вклучуваат борба против сиромаштијата, заштита на планетата, промоција на квалитетно образование, родова еднаквост, економски раст и силни институции.
Халкбанк е поддржувач и верен партнер на младите во голем број иницијативи и активности насочени кон исполнување на овие цели затоа што искрено верува во нивната моќ да придонесат за подобра и поодржлива сегашности и иднина.
Знаејќи дека финансиската независност е темелот врз кој младите можат да ја градат својата иднина, банката го креираше Halk EZ, пакет за млади на возраст од 16 до 24 години, целосно прилагоден на потребите на генерацијата што размислува глобално, а делува локално. Halk EZ нуди модерни банкарски услуги, лесен пристап до штедење и алатки за паметно управување со финансии. Кога младите имаат сигурност и поддршка, можат да се посветат на своите идеи и да ги претворат во реалност.
Светскиот ден на младите е повик до сите да ја поддржат новата генерација, да им дадат простор, ресурси и доверба да создаваат. Локалната акција е клуч за глобален успех, а младите се тие што ја имаат енергијата и креативноста да нè движат напред.