Со присуство од една деценија на македонскиот пазар, Халкбанк АД Скопје се потврди како банка која негува висока корпративна култура. Халкбанк е бренд што својот брзорастечки потенцијал не го фокусира само на финансискиот дел од пазарот, туку и кон целокупното добро за македонското општество.
Така, избирајќи да се обраќа не само на моменталнте потрошувачи, банката прераснува во силен поддржувач на формалното и неформалното образование на децата. Поддршката е преку најразлични проекти и активности што промовираат едукација, инклузија, еколошка свест и здрави навики за идните генерации. Еден од тие проекти е и Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“ со кој соработува веќе две години.
Меѓусебната доверба не завршува со првичното спонзорство на фестивалот во 2020 година, туку постојано расте и се продлабочува со нови и препознатливи идеи.
Една од тие идеи е ликот на штедливото слонче Халки, кое од симбол за финансиска писменост прерасна во лик кој со многу љубопитство постојано учи и истражува со најмладите. Неговата приказна расте секојдневно, со секоја нова средба или авантура со неговите другари. „Сликовницата на Халки“ која ги обработува темите на другарството, толеранцијата, прифаќањето и екологијата. Таа е одличен материјал и за едукација во создавањето корисни навики кај децата како што се штедењето, но и читањето книги.
Сликовницата беше креирана за време на глобалната иницијатива за одбележување на 2 Април – Меѓународниот ден на книгата за деца. За таа намена, Халкбанк ја подарија на 5000 ученици од основните училишта во целата земја. Сликовницата е издадена на македонски, албански и турски јазик.
Високо вреднувајќи ја потребата на децата од слободно изразување, Халкбанк АД Скопје застана како поддржувач на „Летниот креативен камп“ – дел од активностите на Литера.
Како дел од оваа кампања, банката во текот на целата година организира низа активности како едукативни работилници, изложби на детски цртежи, поетски читања и слично, блиски со мотивите од „Сликовницата на Халки“. Исто така беа подготвени и неколку специјални подкасти кои уживаат голема популарност кај младата публика.
Во меѓувреме Халки ги поттикнуваше и наградуваше децата кои учествуваа на ликовните конкурси: „Илустрирај ја татковината“ и „Здрава животна средина“, а на почетокот од учебната година донираше и 3000 прирачници за бон-тон на првачињата во 12 македонски општини.
На 31 октомври завршува и литературниот конкурс за најдобар расказ на тема „Инклузија – сите деца се исти“, со што Халкбанк АД Скопје ги заокружува и активностите за октомври – месецот на штедењето и промоцијата на Детското штедење „Халки“ со каматна стапка до 1.7% .
Преку својата Фејсбук страница, веселото слонче секојдневно ги поздравув децата со слоганот „Со Халки штедиме, желбички редиме“, ги поттикнува на многу авантури или со нив споделува интересни факти.
Месецот на штедењето Халкбанк го прославува и со издавањето и промоцијата на ексклузивното издание на „Сликовницата на Халки“. Работена во еколошки бои и на еко-хартија, книгата со оригинални илустрации од Трајче Павлов го продолжува синџирот на добрина, промовирајќи ја и хуманоста со продажба преку онлајн галеријата на Frida.mk.
Средствата од продажбата на сликовницата целосно ќе бидат донирани за СОС Детско село – Скопје.
Општествената одговорност на компанијата е насочена кон креирање трајни вредности, создавање идна публика, поддршка на уметниците и градење на визуелна и читачка култура од најмала возраст.
Авантурите на Халки продолжуваат!