Халкбанк АД Скопје повторно го доби сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ од Организацијата на потрошувачите на Македонија, со што уште еднаш се потврди дека банката е ориентирана кон почитување на правата на потрошувачите и дека посветено се грижи за нивното задоволство во сите области на своето работење.
Овој сертификат се доделува по детална евалуација на повеќе клучни аспекти, вклучувајќи транспарентност, етика, достапност, ефикасно решавање на поплаки и придонес кон финансиската писменост во општеството. Признанието ја рефлектира посветеноста на банката кон транспарентни и одговорни деловни практики.
Халкбанк продолжува со постојано унапредување на своите услуги, посветена на мисијата да остане сигурен и доверлив партнер кој одговара на современите потреби на своите клиенти