Халкбанк АД Скопје соопшти дека ќе донира 50.000 евра кон наменскиот фонд на македонскиот Црвен крст за поддршка на семејствата на настраданите во трагичната несреќа во Кочани.
„Во овие тешки времиња, ја изразуваме својата солидарност со сите погодени од трагедијата. Со донација од 50.000 евра уплатени кон наменскиот фонд од Црвен крст на Македонија, даваме поддршка за семејствата на загинатите и повредените. Бескрајно жалиме за трагичната загуба на младите животи во Кочани… А нашите мисли се и со повредените, на кои им посакуваме целосно опоравување и сила во овие тешки моменти“ – соопштија од Халкбанк.