Диван, комшија, чај, шеќер, таман, муштулук, локум, машала…постојат уште многу зборови кои се заеднички помеѓу српскиот и турскиот јазик. Но, покрај зборови, постојат и уште многу работи што уште повеќе ги поврзува Турција и Србија. Токму од тоа тргнаа креативците во Агенцијата McCann Белград при осмислувањето на кампањата за новиот клиент, познатата турска банка Халк банка. Оваа банка е една од најголемите во Турција и е релативно нова на банкарскиот пазар во Србија. На овие простори најголема доверба имаат банките со условно речено „германски“ и други европски подрачја. Предизвикот бил како ова „специфично“ потекло на Халк банка да се направи нејзина предност.
„Од самиот влез на српскиот пазар, Халк банка трагаше за начинот на кој ќе се претстави во манир кој најдобро ќе ја опише нејзината намера и став спрема жителите на оваа земја“ истакна Маја Наумовска од ПР секторот на Халк банка и додава: Преку долгата и успешна традиција во работењето, оваа банка е тука да им служи на потребите на обичниот човек. Личниот однос е наше мото. Персонализираната и посветена услуга е една од нашите најјаки предности. Но, во Србија, ние сме дојденци.За да добиеме прилика да застанеме зад своите зборови, најпрвин мораме да ги запознаеме нашите клиенти. Преку креативното решение на McCann, успешно го остваривме првиот контакт. Во пријателски, топол и симпатичен стил, првата кампања донесе одлични резултати.“
Задачата која се најде пред креативниот тим на агенцијата McCann била да се подигне свеста помеѓу жителите и потенцијалните клиенти за работењето на оваа банка и тоа на начин некако да се издвои, да се направи оригинално на се поконкурентниот банкарски пазар.
“Свативме дека постојат огромен број на работи, обичаи, културолошки одредници, гестови и зборови кои се заеднички за луѓето во Србија и Турција. Ги издвоивме оние позитивните и направивме реклама во која ги користиме само оние зборови кои се заеднички за двата народи, кои ги разбираат и едните и другите, како што се: диван, комшија, чај, шеќер, таман, локум, муштулук, машала … бидејќи “толку многу нас не поврзува“, изјави Бојан Баби, член на креативниот тим на агенцијата McCann Белград.