Во време кога многу брендови и компании одлучија да ги одложат своите инвестиции во комуникациите и проектите кои креираат подобро општество, ХалкБанка покажа како со паметен пристап и маркетинг стратегија може да се биде исклучително успешен и овој сега “празен” простор да го искористи и да се позиционира како лидер во својот сегмент.
Компаниската платформа на ХалкБанка со пригоден слоган “Важни се луѓето” , сега со придружен хаштаг #ОстаниДома прилагодена на моментумот, емитира јасни и недвосмислени пораки на поддршка, грижа и посветеност за заедницата, промовирајќи суштински вредности во време што со себе носи неизвесност и страв.
Во својот почеток содржи комуникација преку LinkedIN и другите социјални мрежи која на некој начин е и интерна и екстерна. На допадлив начин преку прикажување на своите вработени, своите лица на компанијата од различни филијали ширум Македонија се испраќа порака до надворешната јавност дека ова е момент кога единствено што е важно се луѓето, вработените, пријателите, фамилијата, нивното здравје….а истовремено и интерна порака до своите вработени дека нивната работа во ова време е исклучително важна, се цени и компанијата сака тоа јавно да го каже! Дека без разлика на името, позицијата, титулата, локацијата – сите тие се подеднакво важни.
Како продолжение, Банката објави обраќање на главниот извршен директор Билал Суџубаши, во кое тој потенцира дека Банката се става целосно во служба на граѓаните и државата, повторува дека хуманоста и човечноста се единственото решение и дека ХалкБанка веднаш ќе донесе деловни потези кои ќе бидат во полза на клиентите и граѓаните.
Следствено, Банката набрзо ги објави своите мерки меѓу кои и одложување на наплатата на кредитните обврски, онлајн аплицирање за картички, зголемувањето на лимитот за бесконтактни плаќања…а објави и листа на Веб продавници од кои граѓаните ќе можат да се снабдат со се што им е потребно од каучот во својот дом.
Ре-Лансиран беше и “преработен” ТВ спот со кој пред неколку години беше најавена новата комуникациска платформа. Повторно, продукциски одлично скоцкан, со јаска порака која нараторот ја пренесува и во само една реченица: “Убавите моменти повторно ќе се вратат и дружбите ќе продолжат – важно е сега да останеме дома!“
Да не заборавиме, многу важно, ХалкБанка во изминатиов период продолжи агилно со своите огласувачки активности, со реклами на ТВ, со банери на Веб портали – пружајќи им така на некој начин и подршка на медиумите во време кога и тие се соочени со огромен проблем на ликвидност поради стопирањето на многу кампањи и истовремено масовно пренесувајќи ги своите пораки за сплотеност, поддршка и надеж за подобро утре!
Ова е токму тоа што една банка треба да го прави во овој момент! Браво ХалкБанка, покажа како!