Овој четврток, со почеток во 16:00 во Three Kitchen&Bar ќе се одржи првата HalkMatinèe забава, на која сите присутни се добредојдени да се информираат за промотивниот пакет за жени претприемачки на Халкбанк и да ја покажат својата хумана страна во насока на женската финансиска независност и рамноправност.
На настанот со кој Халкбанк ja продолжува својата мисија за женска финансиска слобода и рамноправност, ќе има продажна изложба на фустани со џебови дизајнирани од македонските креатори Јована Филиповиќ, Ирина Тошева, Наталија Терзија и Марјан Бебекоски. Собраните средства од продажбата ќе бидат донирани во интервентниот фонд на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.
Покрај сè ова, присутните ќе имаат можност да уживаат во кратка панел дискусија со инспиративни женски лидерки, Александра Белчева, Ивона Трајановска и Јана Клопчевска предводена од Ружица Мaскимовска од Портрет Магазин, кои ќе разговараат за женското претприемништво.
За забавата ќе се погрижи DJ Надежда, a при нејзиниот електро сет присутните ќе уживаат во специјално подготвени коктели и многу други изненадувања.