Откако апликациите за најважната дигитална награда во регионот беа продолжени до 1 октомври, организаторите на SoMo Borac најавија и тројца предавачи кои ќе споделат вредни практични совети на целодневната конференција.
Хана Бартоловиќ, членка на Хрватската асоцијација на дигитални издавачи (ХУДИ), е новинарка која по 14 години работа во медиумската индустрија, стана претприемач и се осмели да го основа порталот After5. На SoMo Borac ќе одржи предавање „Како да започнете портал во Хрватска (во 10 навидум лесни чекори)“. Како медиумски експерт што ја посветила својата кариера на дигиталното новинарство, таа ќе ја раскаже својата приказна од идеја до готов производ; како да креирате и поставите успешен дигитален медиум. Преку 10 чекори, Хана ќе објасни колку е важно да се одреди уникатната вредност на порталот, како да се дизајнира корисничкото искуство, што ни кажува аналитиката и зошто е важно да се реинвестира во растот.
Во отсекот за медиуми, посетителите ќе имаат можност да го слушнат предавањето со наслов „Вертикално видео: Од грешка до правило“ кое ќе го оджи Дарио Далмација, видеограф (DD Video Lab). Во светот на медиумите тој влезе во 2011 година, а во текот на својата кариера се определи за видео продукција со основање на видео одделот во Index, за на крајот да започне и сопствен бизнис. Во своето предавање, Дарио ќе демонстрира како вертикалното видео, од некогашна грешка при снимањето, стана стандарден формат во дигиталните медиуми. Преку практични примери ќе се дискутира за неговата зголемена употреба и влијание врз продукцијата на содржини.
„Наивниот уметник се среќава со уметникот“ е името на предавањето што ќе го одржи Фран Мубрин, креативен директор и дизајнер во агенцијата 404, каде што води мултидисциплинарен креативен тим со повеќе од 30 луѓе, а истовремено е партнер и во групата MYTY, која ги обединува некои од најдобрите агенции во Европа. Во повеќе од 12 години од својата кариера тој создавал наградувани дела со локални и меѓународни клиенти, а во своето предавање ќе го сподели сопственото искуство засновано на употребата на вештачката интелигенција – прашувајќи се дали наивната уметност е подготвена безусловно да прифати креативна средина во која доминира вештачката интелигенција.
SoMo Borac оваа година ја одржува втората целодневна конференција, а организаторите подготвуваат многу интересни говорници чии имиња наскоро ќе бидат објавени. Сите новости за овогодинешното издание можете да ги следите преку билтенот на SoMo Borac, на официјалната веб-страница, како и на социјалните мрежи Facebook, Instagram и LinkedIn. Додека ги чекате најновите информации за тоа што ни подготвуваат организаторите оваа година, преслушајте ги минатогодишните предавања на YouTube.