За прв пат во својата професионална кариера, капитенот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн ќе седи дома овој Божиќ. Причината е тоа што германската Бундес Лига и неговиот нов клуб Баерн Минхен имаат зимска пауза во натпреварите, што не е случај со англиската Премиер Лига каде Кејн играше претходно.
Таквата ситуацијата и неангажираноста на Хери Хејн ги искористи стриминг сервисот за спортски настани Amazon Prime Video Sport, со цел да ја промовира својата Божиќна програма во англиската Премиер Лига и натпреварите од популарниот „Боксинг Деј“ (26 декември).
Во хумористичниот спот гледаме како англискиот капитен се бори со досадата, обидувајќи се да го исполни слободното време со разни празнични традиции и активности – кити елка, се обидува да готви, разговара преку видео повик со својот репрезентативен колега Џејмс Мадисон…
Но, и покрај неговите најдобри обиди да ужива во традиционалните божиќни задоволства, Кејн сфаќа дека едноставно не е Божиќ без фудбал. Затоа тука е Amazon Prime, кој на програмата предвидува над 10 часа фудбал во живо од англиската Премиер Лига за време на „Боксинг Деј“ и вкупно 10 натпревари до 28 декември.
Рекламата е создадена во соработка со креативната агенција Dark Horses и продукциската компанија HunkyDory Films.