Новото истражување на брендот гумени бонбони Haribo открива дека две третини од децата во Велика Британија (61%) велат дека Ноќта на вештерките е нивното омилено време во годината. Меѓутоа, дури 43% од децата изразуваат разочарување од квалитетот на подароците кои ги добиваат кога „коелдарат“ за време на празникот. Истовремено, 23% од возрасните испитаници признаваат дека разделувале разочарувачки подароци.
Haribo смета дека е време за таквите практики да престанат, истовремено повикувајќи ги возарасните да се подобрат. Тука стапува на сцена новата кампања на брендот, како дел од која објави „дефинитивна листа“ на најлошите и најдобрите подароци за Ноќта на вештерките. Секако, на листата на добрите се наоѓаат и нивните сезонски бонбони со празнична тематика.
Со цел промоција на новите вкусови на бонбони, како и подигнување на јавната свест за разочарувањето кое многу деца го доживуваат од добиените продароци на празничната вечер, Haribo објави сладок видеоспот во кој неколку деца обелечени во костими на чудовишта ги иразуваат своите барања во пресрет на празникот и даваат поддршка за листата на добри подароци од Haribo.
Кампањата се спроведува на пазарот на Обединетото Кралство и Ирска, и тоа во соработка со креативната агенција Edelman UK.