Шкотскиот производител на виски Glenmorangie го претстави американскиот актер Харисон Форд како нов амбасадор на брендот, проследено со лансирањето на кампањата „Си беше еднаш во Шкотска“ (“Once Upon a Time in Scotland”).
Во серија видеоспотови, проследени со сувиот хумор на Харисон Форд, гледаме како познатиот актер се запознава со автентичното горјанско искуство, го учи шкотскиот говор, правилниот начин на кој се носи килт и ужива во чашка виски покрај пламтечки камин.
Спотовите од кампањата се снимени во живописниот ридски предел на североисточна Шкотска, со вистински вработени во дестилеријата Glenmorangie, и тоа на неконвенционален стил со доза на импровизација како намерна одлука на австралискиот режисер Џоел Еџертон.
Прегледајте го серијалот спотови во продолжение: