Мас-медиумската и продукциска компанија WarnerMedia лансираше нова кампања чија цел е да ги поттикне Американците да носат маски и да го спречат ширењето на корона вирусот.
Начинот на кој компанијата се обидува да го направи е тоа е преку монтажа на маски во сцени од некои од нејзините најпопуларни филмски остварувања, вклучувајќи ги Harry Potter, Joker, Wonder Woman, The Matrix, The Lord of the Rings, Mad Max, It и Austin Powers.
„Ајде да им се вратиме на нашите омилени работи, кои и да бидат тие. Забавете го ширењето. Стави маска Америка,“ се истакнува на крајот од рекламата. Кампањата е поддржана и од страна на Советот за огласување и Центарот за контрола на зарази на САД.
„WarnerMedia е горда да помогне во едукацијата и информирањето на нашите фанови за важноста на носењето маски за време на пандемија. Носењето маска е ефективен начин да се заштитиме себе и нашите сакани од Ковид-19. Се надеваме дека со гледањето на нашите омилени херои и ликови како носат маски, фановите ќе го следат нивниот пример. Носењето маска е едноставен чекор кој сите ние можеме да го преземеме и да ги поддржиме нашите заедници при овие тешки времиња,“ истакнува Денис Вилијамс, постар потпретседател за корпоративни социјални медиуми на WarnerMedia.
Рекламата е создадена од страна на in-house креативната агенција 10th Street Productions.