Актерите Мег Рајан и Били Кристал ја рекреираа една од најпознатите сцени на романтичната комедија “When Harry Met Sally” (1989), во новата реклама на брендот мајонез Hellmann’s.
Актерската двојка се најде во истиот ресторан, 35 години подоцна, каде Мег Рајан глумеше оргазам пред Били Кристал. Овој пат, екстазата кај актерката беше предизвикана од вкусниот мајонез на Hellmann’s, кој таа го додава во својот сендвич.
Сосем очекувано, ситуацијата го предизвикува вниманието на сите гости во ресторанот, вклучувајќи ја меѓу нив и младата холивудска ѕвезда Сидни Свини која го бара „истото што таа го нарачала“.
Рекламата е создадена во соработка со краетивната агенција VML, а треба да се емитува за време на претстојното финале на американската фудбалска лига познато како Супер Боул.