Кога се случува нешто во светот, истовремено тоа се случува и на Твитер. Заради тоа може да се каже дека хаштазите им даваат поттик на луѓето во најважните моменти од нашето најблиско минато
Вчера беше 11 роденден на хаштагот. За да го одбележи овој ден, Твитер повика да биде прогласен за меѓународен ден на хаштагот – #HashtagDay.
Хештагот е роден на Твитер на 23 август 2007 година. За последните 11 години, еволуираше од начин на кој корисниците го категоризираат или “тагнуваат” својот твит, до нешто што стана дел од секојдневниот говор. Менувајќи ја природата на онлајн комуникацијата, хаштагот стана еден од највлијателните симболи на дигиталната ера.
На глобално ниво, во просек, на Твитер се користат 125 милиони хаштази дневно. Тие им помагаат на корисниците да видат што се случува во светот и да ги истражат најактуелните теми за кои се пишува и зборува.
На овој ден пред 11 години, Крис Месина (@chrismessina) го употреби хаштагот #barcamp. Тоа беше првиот хаштаг што беше употребен на Твитер.
Со користењето на Твитер и употребата на хаштаг, корисниците на популарната интернет платформа направија свој сопствен микрофон, со помош на кој ја обликуваат нашата култура и го менуваат светот.
Од многу интересни моменти, оние кои не тераат да се смееме, да учествуваме во нив и да ги споделуваме со другите, па до важни настани што го потресуваат светот, кои инспирираат и повикуваат на солидарност и заедништво – хаштагот го поврза светот на Твитер .
Без оглед на приказната, било кое случување и во било кој дел од светот – истовремено тоа се случува и на Твитер.
По повод одбележувањето на 11-роденден, можете и вие да се придружите со споделување на вашиот омилен хаштаг, заедно со онај кој го обележува овај ден – #HashtagDay.