KFC на бугарскиот пазар ја лансираше новата „Кофа за еден“. По тој повод, брендот ги изненади своите фанови и со лимитирана модна колекција – Haute Kofature. Колекцијата претставува ироничен одговор на опседнатоста со скапи брендови и демонстративниот луксуз.
Колекцијата Haute Kofature се состои од пет модни парчиња со духовита асоцијација кон светски познатите модни брендови:
- Чевли „Пиленсиага“
• Маичка „Пили Плеин“
• Очила „Пиу-Пиу“
• Торба „Пилентино“
• Капа „Крилучи“
„Кофа за еден“ е симбол на едноставното уживање – вкусна и омилена од сите, додека колекцијата Haute Kofature ја пародира идејата за „луксуз“ и „елитизам“. Идејата за колекцијата е на креативната агенција &play, која ја реализираше кампањата за лансирањето на „Кофа за еден“.
„За многу луѓе во Бугарија одредени логоа на облеката и обувките значат сè. Тоа особено важи за тинејџерите. Но, знаеме дека скапите брендови не значат нужно и добар вкус. Сакавме да покажеме дека токму тоа е важното – и ако постои нешто со што младите треба да се „истакнуваат“, тоа е вкусот“ – објаснува Марија Михајлова, креативен директор на &play.
Haute Kofature предизвика бран на интерес. Модели во кампањата се инфлуенсерите Николај Георгиев и Симона Калојанова. Колекцијата не е достапна за продажба, но може да се добие преку наградна игра. KFC веќе организираше еден „giveaway“, кој предизвика голем интерес.
Со новата кампања брендот покажува дека не се плаши да поигра со стереотипите и да понуди повеќе од вкусна храна – провокативен и забавен поглед кон културата и навиките на потрошувачите.
Колекцијата можете да ја разгледате на следниот ЛИНК.