Havas Group U.K. се одлучи за повлекување на инвестициите во Google и YouTube реклами за своите клиенти откако истите се појавувале веднаш до сомнителна содржина онлајн.
“Havas Group U.K. оваа одлука ја донесува во име на своите клиенти како O2, Royal Mail, BBC, Dominos и Hyundai Kia, каде ги паузира сите реклами на YouTube и Google Display Network (GDN) до некое идно време ,” агенцијата објави во изјава минатиот петок.
Повлекувањето доаѓа по зголемената потреба за транспаретност, избегнување на измами, мерење на гледаноста и гарантираноста на безбедноста на брендовите онлајн што во последниот период станува се поголем интерес на маркетерите во светот на дигиталните реклами кои полека стануваат ‘’безмилосни’’ кога станува збор за погоре споменатите прашања.
Procter & Gamble, фирмата која вложува најмногу во реклами во светот, оваа година се повеќе го зголемуваше притисокот наведувајќи дека ќе прекине со плаќањето на дигитални реклами, дека ќе прекине да им плаќа на агенциите, на компаниите за реклами и на сите други компании кои обезбедуваат услуги а не ги исполнуваат нејзините критериуми.
“Деновите за давање на дигитална ‘’пропустница’’ завршија’’ – кажа Marc Pritchard шеф, бренд офицер на компанијата на состанокот на Асоцијацијата за Национални Рекламери овој јануари, поттикнувајќи ги и другите компании да го следат водството на P&G”. “Време е за раст. Време е за акција.“
Hyundai и неколку други поголеми рекламери минатиот месец бележеле појава на нивните реклами веднаш до видеа кои се поврзувале или пак поддржувале тероризам.
Greg Paull, директор на компанијата за маркетинг консалтинг R3, потегот на Havas го нарекува”смел чекор, со сигурност креиран за да предизвика шокирачка вредност односно да пренесе предупредување за својата акција до останатите.”
Ова е првата манифестација на она за кое повикуваше Marc Pritchard. “Google ќе сака да го избегне овој чекор на компаниите.“
Чекорот преземен од Havas можеби е лидерски чекор за преземање на нештата во свои раце а со тоа и заземање на акција меѓутоа овој чекор би бил уште позначаен доколку би бил следен од страна на поголемите агенциски холдинг компании како WPP, Omnicom и Interpublic, рече Brian Wieser, помлад аналитичар во Pivotal Research.
“Едно е WPP да каже дека ова е проблем, но потешко за нив е да кажат дека ги повикуваат на отстапување своите клиенти” додава Wieser.
Martin Sorell – WPP (CEO), во изјава кажа дека агенцискиот гигант и неговата десна рака GroupM веруваат дека Google, Facebook и други компании имаат еднаква одговорност да ги заштитуваат и ставаат под закрила рекламерите како и било која друга медиумска компанија.
“Тие не може да се маскираат како технолошки компании посебно кога поставуваат и рекламен простор’’. “GroupM, која ги поддржа сите иницијативи во индустријата за покревање на стандардите во медиумскиот дигитален синџир за набавка на сопствениците на дигитални медиуми им порачува да пронајдат најдобри решенија за обезбедување на одговори околу прашањата поврзани со безбедноста на брендовите онлајн.
Havas троши повеќе од $216 милиони на дигитални реклами во име на своите клиенти во Велика Британија годишно во согласност со податоците добиени од The Guardian.
Нивната одлука следува по истражувањето спроведено од страна на весникот The Times кој откри дека нивните реклами биле прикажувани веднаш до компромитирачки содржини.
“Имаме одговорност да се грижиме за своите клиенти во Велика Британија и да ги позиционираме нивните брендови во насока на обезбедување и прикажување на вистинскиот контекст и истите да бидат прикажани во околина која е безбедна, регулирана до неопходните степени на безбедност со ццел постигнување на целите на нивните бизниси,” изјави Paul Frampton извршен шеф и менаџер за Велика Британија за Havas Group U.Kво компаниската изјава.
Тој додаде дека оваа позиција ќе остане се додека агенцијата не добие доверба во YouTube платформата и во способноста на Google Display Networк во озбезбедување на стандардите кои ги очекуваат клиентите на Havas. Компанијата исто така ќе соработува со алтернативни партнери кои ќе оебзбедат верификација и гаранција за безбедност.
Иако одговорните лице од Google и YouTube одбија да коментираат на овој смел чекор, Ronan Harris директор на Google U.K. , во петокот објави блог пост “веруваме во слободата на говорот и изразувањето на web – дури и кога тоа не е во склоп на нашите видувања. Во исто време ја признаваме потребата за посилни политики кои дефинираат каде треба да се појавуваат рекламите на Google“. Намерата на овие политики е да оневозможи рекламите да се појавуваат на страни или видеа каде се појавува говор на омраза или пак навредлива содржина. Toj наведе дека политиките на Google функционираат во насока на политиките на компаниите кои секоја година инвестираат милиони долари а со тоа вработуваат и голем број на луѓе кои се задолжени за спречување на тие лоши практики во рекламирањето:
“Минатата година остранивме скоро 2 милијарди лоши реклами од нашите системи, остранивме 100,000 издавачи од нашата AdSense програма и спречивме појава на несоодветни реклами на повеќе од 300 милиони видеа на YouTube“.