Холандската пиварница Хајнекен, освен на одговорно пиење пиво, во новата кампања повикува и на одговорно дружење во баровите
Угостителскиот сектор се буди од состојбата на пандемија, а отворањето на баровите е придружено со забуни во однос на безбедносните мерки и социјалната дистанца. Баровите ќе можат да останат отворени и да работат само во согласност со мерките за безбедност, што е и главната порака на оваа кампања.
Брам Вестнбринк, глобален директор на брендот Хајнекен, вели дека пиварницата е инспирирана од секојдневието. „Во моментов, посетата на баровите може да биде многу чудно искуство и потребно е време, како за посетителите, така и за вработените, да се навикнат на тоа. Сакавме да го обележиме повторното отворање на баровите и да ги потсетиме луѓето дека следењето на новите правила е поважно од кога било.