Холандскиот пивски гигант Heineken испратил „Барање за инфромации“ до избрани креативни агенции, во потрага по нови глобални креативни партнери кои ќе ја водат компанијата низ еволуирачкиот маркетиншки и комуникациски пејсаж на светот, пренесува адвертајзинг магазинот Campaign US.
Разговорите ќе се фокусираат на околу 300 меѓународни пивски брендови кои се наоѓаат под капата на Heineken, вклучувајќи ги Amstel, Red Stripe, Tecate и Tiger. Ревизијата нема да го вклучува главниот бренд Heineken, кој е креативно опслужуван од страна на Publicis Groupe.
Според достапните информации, разговорите ќе се однесуваат на креативните и продукциски аспекти на деловните комуникации на Heineken, а нема да ги опфаќаат медиското планирање и закуп, кои во моментот се во рацете на Dentsu.
Компанијата нема доставено краен датум до кога треба да ги избере своите нови креативни партнери, а во моментот само сака да истражи каков талент и идеи се наоѓаат на пазарот.
Претставници на Heineken планираат да остварат средби со различни креативни агенции за време на меѓународниот адвертајзинг фестивал во Cannes ова лето.
Се шпекулира дека прцесот на ревизија ќе го води консултантската компанија R3.