Холандскиот производител на пиво Heineken одлучи да го продолжи договорот за глобално медиско партнерство со јапонската агенциска групација Dentsu за дополнителни две години.
Како дел од продолженото и проширено партнерство, Dentsu ќе соработува со Heineken на преку 100 пазари, вклучувајќи ги Мексико, Бразил, Велика Британија, Италија, Германија, Шпанија, Холандија, Јужна Африка, Нигерија, Виетнам и Индија.
Откако започна нивното партнерство во 2016 година, Dentsu активно ја поддржува дигиталната трансформација на Heineken. Ваквото партнерство вклучува унапредување на употребата на податоци и технологија од страна на пивската компанија и поставување на дигиталните медиуми во срцето на нејзината севкупна медиумска стратегија.
Дополнително, Dentsu има поставено нови интегрирани оперативни модели кои го поддржуваат и широкиот географски дострел на Heineken, овозможувајќи им на меѓународните брендови на производителот на пиво да го забрзаат својот раст и да градат значајни конекции со потрошувачите.
Како дел од проширеното партнерство, Dentsu ќе продолжи да го поддржува Heineken и во развојот на нивната стратегија за искуство на потрошувачите во ерата на алгоритмите. Дополнително, агенциската групација ќе го поддржи Heineken во лансирањето на светска и иновативна медиумска платформа со фокус на дигиталната сфера.