Пивскиот бренд Хајнекен лансираше нова реклама со која им оддава почит на храбрите и креативни фудбалски фанови кои во услови на пандемија изнаоѓаа најразлични начини за да ја исполнат празнината оставена од прекинот на европската Лига на Шампиони.
Меѓутоа, чекањето заврши – натпреварувањето се враќа на терените веќе овој викенд, а Хајнекен ги потсетува навивачите дека сега можат да запрат со своите импровизации и да продолжат да гледаат фудбал.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Publicis Italy и продукциската куќа MJZ London.