Истакнати стручњаци од компаниите HEINEKEN, MasterCard, AVON и Lufthansa се само некои од предавачите на вториот по ред национален фестивал на интегрирани комуникации – KAKTUS 2016, кој се одржува на 27 и 28 октомври во хотелот Crowne Plaza во Белград. Под овогодинешниот слоган “Конструирај добри идеи!”, акцентот на фестивалот ќе биде на интеграцијата, но и на трудот и напорот да се конструираат само квалитетни идеи.
KAKTUS 2016 ќе им понуди на учесниците квалитетна и различна програма, но и практични примери од различни области на итегрирани комуникации, како и преглед на најновите светски трендови, а фестивалот ќе го отвори предавањето на David Zappe, маркетинг директорот на компанијата HEINEKEN Словачка на тема “Let’s tell stories RETRO!”. Давид има преку 15 години богато искуство, во областа на деловните комуникации и бренд менаџментот. На компанијата HEINEKEN се придружил во 2012 година во Чешка на позицијата Global Brand Manager, а водел и бројни видни и наградувани кампањи во оваа компанија.
Атрактивно предавање под називот “Social Selling – The biggest industry you haven’t heard about is reinventing selling once again” во првиот ден на фестивалот, ќе оддржи Jan Namedyński, Global Digital Business Development Manager на компанијата AVON од Полска. Јан во последните 12 години водел бројни дигитални тимови во рекламните агенции. Бил задолжен за голем број на активности, од продукција до стратегија, работејќи за најголемите брендови на FMCG, фармацевтски, HoReCa и градежни индустрии. Започна два стартапи, од кои првиот го продаде.
На учесниците на фестивалот ќе им се претстави и Vincenza Cristina Saccà, маркетинг директор за Централна и Источна Европа на компанијата MasterCard, која ќе презентира студии на случај и најдобри практики под називот “PRICELESS Possibilities”. Пред доаѓањето во MasterCard, Saccà работела како Head of Membership Rewards во компанијата American Express, била директор на агенцијата Alphaomega и Ideal Comunicazione во Италија, а неколку години работела и во компанијата Diners Club Europe.
Крајот на вториот ден на фестивалот KAKTUS 2016 ќе го одбележи предавањето на Ive Lekić, маркетинг менаџер за Европа на компанијата Lufthansa, под називот “From meaningful visual stories up to the action”. Кариерата во Lufthansа ја започна во Хрватска, а потоа преминува во Лондон на позицијата Дигитален маркетинг менаџер за Lufthansа на Велика Британија, Ирска и Исланд.
Во рамките на фстивалот KAKTUS 2016 ќе бидат доделени и награди за најдобрите во струката. Наградите се доделуваат во 21 категорија, а ги добиваат организации, компании, институции и агенции за најквалитетни и најпрофесионални интегрирани и поединечни кампањи во изминатата година. Конкурсот е отворен до 20 септември.
Фестивалот KAKTUS 2016 го поддржаа 28 медиски куќи од целиот регион, компаниите Coca-Cola HBC Србија, Mercator S, Marbo Product, Delta Holding, Johhnie Walker, Ушче Shopping Centar, Viber, како и HEINEKEN Србија кој оваа година е пријател на фестивалот. Партнери на фестивалот се агенциите – Direct Media, Pioniri Communications, Headline, Ovation BBDO, DPC Group, M2Communications и LED Media Босна и Херцеговина.
Повеќе информации за фестивалот KAKTUS пронајдете на сајтот www.kaktus.rs.