Холандскиот бренд на пиво Heineken ја претстави новата глобална кампања во чест на својот 150. роденден, одбележувајќи ги многуте варијатни на кои неговото име било погрешно напишано, многуте случаи во кои пивото било погрешно сервирано, но и многуте добро поминати времиња и спомени со пријателите и „зеленото шише“!
Од компанијата објаснуваат дека кампањата била инспирирана од зборовите на човекот кој ја изградил семејната пиварница во светски бренд вреден повеќе милијарди долари, Фреди Хајнекен: „Јас не продавам пиво, јас продавам добри времиња!“
„Ние иамме отворен ум за начинот на кој нашите потрошувачи се однесуваат кон нас – како ни го пишуваат името, какви прекари ни даваат и како пијат Heineken, затоа што знаеме дека тоа навистина не е важно“- вели Брам Вестенбринк, глобален брендинг директор на Heineken.
„Во текот на нашето 150-годишно наследство, научивме дека добрите времиња не се сосотјат во тоа да се направи нешто правилно, туку условите, локациите и луѓето со кои можеме да уживаме во пиво. Иако начинот на кој уживаме во добрите времиња можеби се промени и може да се разликува во секоја од 192-те земји каде што се продаваме, потребата за добри времиња останува иста и конзистентна – исто како и нашето пиво. Значи, оваа кампања е славење на тоа универзално споделено искуство и радоста што квалитетот на дружењето и човечката поврзаност може да го имаат луѓето, на овој или оној начин“ – додава Вестенбринк.
Централниот телевизиски спот на кампањата прикажува како луѓето ширум светот ги спаруваат социјалните моменти со препознатливото зелено шише на Heineken. Меѓутоа, во овие моменти, Heineken не се користи секогаш како што замислил брендот – од тетоважа со погрешно напишано лого, до пиво кое се служи со мраз, лимета и сламка. Спотот исто така претставува неколку спонзорски договори на брендот низ годините, вклучувајќи го и поранешниот светски шампион во Формула 1, Мика Хакинен.
Како дел од кампањата ќе следи и „лажно ребрендирање“ на Heineken, преплавувајќи ги социјалните мрежи и веб-страниците на брендот со некои од највообичаените правописни грешки на неговото име и разговорните прекари под кои се именува во различни држави.
Кампањата се реализира со помош на специјализираната креативна агенција Le Pub, дел од Publicis Groupe.