Со цел промоција на своето безалкохолно пиво, Heineken во Бразил претвори еден билборд во вистински, функционален шанк.
Имено, сместен во самиот билборд беше шанкер кој на минувачите им продаваше безалкохолнно пиво. Билбордот во реалност функционираше на принципот на драјв-тру, па така возачите не ни мораа да се симнуваат од своите возила за да добијат шише безалкохолен Хајнекен.
Билбордот беше поставен само 3 дена, од 10 до 13 декември, на патот кон Rodrigo de Freitas во Рио де Жанеиро. Слоганот на кампањата гласеше: „Пиење пред возење? Сега можете“.
Со ваквата кампања, пивскиот бренд сакаше да истакне дека со нивното безалкохолно Heineken 0.0, возачите може да уживаат во својот омилен пијалок во секое време, па дури и додека возат.
Креативната агенција која стои позади кампањата е Publicis Brazil.