Според пивскиот бренд Heineken, пандемијата донесе големо преплетување на професионалниот и приватниот живот, што и не е баш здраво. Компанијата смета дека треба да има јасна граница помеѓу двете, па поради тоа смисли и интересно технолошко решение.
Таканаречениот „Затворач“ (“The Closer”) е всушност отворач за шишиња пиво кој во себе има напредна технологија која ги исклучува сите дигитални уреди во близина кога со него ќе отворите шише пиво.
„Со тоа што некогаш јасните граници помеѓу работата и личното време забрзано се нарушуваат по пандемијата на Ковид-19, сакаме да поттикнеме многу потребна дискусија за важноста да се спротивставиме на општествените притисоци да се биде во постојана состојба на зафатена работа и да ги охрабриме работниците ширум светот да го реприоритизираат социјалното и слободното време со луѓето кои што им се најважни“, објасни Брам Вестенбринк, глобален директор на брендот Heineken.
Брендот ќе го претстави своето напредно парче технологија на ексклузивен настан кој ќе го води комичарот Били Ајхнер, имитирајќи ги големите технолошки гиганти како Apple и Google.
Кампањата се реализира со помош на агенциите Le Pub/Publicis Italy и Dentsu Redstar.