Хајнз ја промовираше својата специјално дизајнирана амбалажа на својот кечап, која вклучува идентични тетоважи како тие на телото на мега популарниот пејач Ед Ширан.
Ова е само продолжување на “љубовта” помеѓу Хајнз и Ед Ширан, откако пред определен период пејачот учествуваше и во реклама на брендот.
Амбалажата е креирана со асистенција на агенцијата David, и овие шишенца кои се во ограничен број, содржат неколку од тетоважите на Ед Ширан помеѓу кои и роза, puzzle парчиња и секако логото на Хајнз кечапот, што како тетоважа го стави и Ширан на своето тело за време на неговата турнеја низ Охајо што тој го објасни како “бесконечната љубов кон брендот”.