Брендот на сосови Heinz се нурна во длабочините на интернет архивата и ги избира ликовите од некои од најпознатите „мимови“ во онлајн светот со цел да им помогнат во лансирањето на нивните шест најнови вкусови.
Соодветно наречени “Sauce Drops”, овие сосови ќе го имаат своето деби во специјално избрани ресторани ширум САД во текот на следните шест месеци, водејќи ги клиентите на носталгично патување исполнето со „мимови“, додека пак познатите интернет ликови ќе добијат нови „15 минути вкус“ (“15 Minutes of Flavor” – како што е насловот на кампањата).
Засега ги знаеме имињата на три од шесте личности кои ќе се најдат на предната етикета на новите вкусови од Heinz, и тоа: Ребека Блек, пејачката зад виралната сензација “Friday” од 2011 година; потоа Кајл Крејвен, попознат како “Bad Luck Brian”; како и Вилијам Хунг, незаборавниот натпреварувач на Американски идол.
Секоја личност ќе промовира специфичен вкус: Black Garlic Ranch, Yuzu Wasabi и Bangin’ Brewery Mustard, соодветно. Други вкусови кои ги чекаат своите мим-амбасадори се Creamy Chimichurri, Hatch Chile Ranch и Harisa Aioli.
Кампањата “15 Minutes of Flavor” се реализира со помош на креативната агенција The Kitchen, додека пак Starcom Publicis 57 ќе биде задолжена за медискиот закуп, а Zeno Group ќе раководи со односите со јавноста и креаторите.