Познатиот бренд на кечап Heinz лансираше нова кампања за арапскиот пазар, претставувајќи ја првата осигурителна полиса во светот за незгоди со кечап.
Брендот ги охрабрува љубителите на кечап кои ќе се занесат малку повеќе во користењето на црвниот сос да го посетат веб-сајтот www.heinzketchupinsurance.com, каде што се опфатени дури 57 различни типови на осигурителни побарувања за оние кои веруваат дека за Heinz вреди да се ризикува.
Притоа, фановите на брендот ќе имаат можност да го добијат својот надоместок преку низа награди, вклучувајќи услуги за чистење на домот, помош при перење, услуги за мајстори, па дури и спа третмани.
„Тука во Heinz, знаеме дека љубовта на обожаватели кон нашиот кечап понекогаш може да биде малку претерана. Нашето истражување ни кажува дека 48% од нив постојано имаат несреќи со кечап, но 91% се колнат дека сето е тоа вредно за нивната љубов спрема Heinz. Затоа, воведуваме осигурување за кечап – за да ги претвориме неуредните моменти во чиста радост и удобност за нашите тврдокорни обожаватели, дозволувајќи им да уживаат во нивните инциденти со кечап без грижа“ – објаснува Пасант Ел Ганам, директор за маркетинг на Kraft Heinz за Блискиот Исток.