Популарниот бренд на кечап Heinz се реши да ја врати „крвта од домати“ за сите „прогресивни вампири“ во пресрет на Ноќта на вештерките.
Имено, таканаречената „Крв од домати“ е всушност обичен кечап спакуван во специјално празнично пакување на кое наместо „Кечап“ пишува „Крв“. Брендот за прв пат го лансираше ова празнично пакување минатата година, алудирајќи на употребата на кечап како визуелна замена за крв кај карневалските костими за Ноќта на вештерките.
Паралелно со враќањето на „крвта од домати“ на полиците во маркетите, Heinz објави и хумористичен промотивен спот со кој ги поттикнува „вампирите“ да ги напуштат своите стари навики и да се определат за „крв“ од растително потекло.
Ѕвезда на промотивните активности на Heinz е популарниот креатор на ТикТок видеа, E.J Marcus, кој глуми „280-годишен вампир, вегетаријанец и инфлуенсер“ како активист за „спас на душите на недолжните луѓе“, промовирајќи ја употребата на „вегетаријанска крв“.