Пред неколку дена благодарение на google alert добив интересен инфографик поврзан со навиките и начините на поврзување на “мајките“ на интернет и аргументи про кои ги прават совршен таргет за голем број на брендови.
Не дека не сме знаеле дека “шефот“ во кујната, во поново време обожава да се заседи на компјутер и да сурфа по блогови и социјални медиуми…и дека е важно да види што “..е најдобро за нејзините најблиски…“ – па кога ќе оди во супермаркет да се сети (таа.. или нејзината потсвест) и да го купи тоа….но искрено речено..никогаш не сме (т.е. јас не сум) видел/е БРОЈКИ како сето тоа изгледа.
Инфографикот вели дека кога бренд апостолите (на факултет ги викаа и “евангелисти“) би ги сегментирале – “мајките“ би биле едно големомнозинство. …и вели дека дури 2/3 од нив слушнале (научиле) за определен производ или услуга од социјалните мрежи..
Исто во очи паѓаат бројките дека:
– дури 84% од испитаните мајки кога барале некаква препорака за некаков производ или услуга – оделе online…..и
– дека 74% од нив купиле производ за кој виделе препорака на БЛОГ.
А како “мајките“ се однесувале кога ќе добијале некаква награда од определен блог…и многу повеќе…погледнете од самиот инфографик: