NBA има нов официјален пијалок.
Hennessy, најпродаваниот коњак во светот и Националната Кошаркарска Асоцијација на САД (NBA) вчера објавија дека постигнале повеќе-годишно партнерство кое Hennessy ќе го направи официјален пијалок на NBA, WNBA и USA Basketball
Претходен партнер за пијалоци на NBA беше Џек Даниелс.
“Партнерството меѓу Hennessy и NBA обединува два глобални брендови во долгорочно споделување на вредности и страст за исполнување на границите на потенцијалот” вели Giles Woodyer, Senior VP President на Hennessy и надополнува: “Ние се чуствуваме многу среќни да соработуваме со организација која нуди многубројни асоцијации и шанси”
НБА и Hennessy, ќе го стартуваат партнерството оваа недела за време на Ол-стар викендот.
Hennessy продава околу 50 милиони шишиња коњак годишно, што е околу 40 отсто од светската продажба на коњак.